Министерката за спорт на Франција, Роксана Маракинеану, беше принудена со полициска заштита да го напушти фудбалскиот натпревар во Сен Оуен меѓу француските екипи Ред Стар (Црвена ѕвезда) и УС Кевили, заради вербалното насилство од страна на петнаесетина лица, јавува дописникот на МИА.
Министерката за спорт Роксана Маракинеану синоќа мораше да биде извлечена од стадионот Бауер во Сен Оуен (Сена-Сен Дени), каде што да присуствуваше на фудбалски натпревар од третата француска фудбалска лига.
На полувремето на средбата помеѓу Ред Стар и УС Квивили, околу министерката се формира толпа, во моментот кога таа кој разговараше со еден навивач на трибините.
– Имаше ефект на толпа, набрзо ситуацијата севлоши малку, со извици „Макрон, оставка“ и полицијата „ја презеде одговорноста за ексфилтрирање од стадионот“.
Scène qui s'est déroulée en début de 2nde mi-temps… #REDQRM #Maracineanu #ReformeRetraites pic.twitter.com/7qqzyC4zqp
— FootFrancilien (@FFrancilienblog) December 13, 2019
Видеото објавено на социјалните мрежи ја покажува министерката за спорт, која е вербално нападната од група навивачи присутни од другата страна на решетката за оградување на стадионот, како набрзина заминува во својот автомобил со извици и неколку фрлања на вода.
Придружбата на министерката се обиде да го минимизира настанот и соопшти дека немало „ништо сериозно“ наспроти една „не многу славна“ сцена.
Од своја страна, Ред Стар и изрази поддршка на Роксана Маракинеану видена од навивачите „како симбол на реформата и политиката против која тие очигледно се борат “ се вели во соопштението на клубот, објавено на неговата веб-страница. Клубот го осуди однесувањето на поединците присутни на стадионот и жали за заминувањето на министерот „заради неискажливи постапки на малцински дел на навивачи“. Клубот гарантира дека ќе бидат донесени „одлучни, но праведни“ одлуки против предизвикувачите на нередите.