ВИДЕО: Милан победи во дербито со Јувентус

Од:

Дерби натпреварот од 14.коло на италијанската Серија А се одигра синоќа на „Сан Сиро“ во Милано и му припадна на Милан кој со 1:0 го совлада шампионот и лидер Јувентус. Победничкиот гол за „росонерите“ го постигна бразилскиот интернационалец Робињо од пенал во 31.та минута.

И покрај поразот Јувентус ќе остане на врвот на табелата, додека Милан се наоѓа на делба на 8.та и 9.та позиција со Аталанта со по 18 освоени бодови.

Постигнати резултати на досега одиграните натпревари од 14.коло во Италијанското фудбалско првенство: Палермо – Катанија 3:1, Аталанта – Џенова 0:1, Киево – Сиена 0:0, Пескара – Рома 0:1, Сампдорија – Болоња 1:0, Торино – Фиорентина 2:2 и Милан – Јувентус 1:0.

За денеска се закажани дуелите Каљари – Наполи и Парма – Интер, а колото ќе биде комплетирано утре со средбата Лацио – Удинезе.

Табела: Јувентус 32 бодови, Фиорентина 28, Интер 28, Наполи 27, Рома 23, Лацио 23, Катанија 19.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска