Во текот на вториот сет од финалето во тенис во Мелбурн, група луѓе почнаа да викаат додека Ѓоковиќ и Медведев го разменуваа тениското топче.
Refugee protest on RLA mid point. They played let. pic.twitter.com/J8HAQ4IXTd
— ? (@returnwinner) February 21, 2021
Судијата мораше да реагира и веднаш да го паузира мечот, што не му се допадна на Ѓоковиќ кој беше во налет. Причина за прекинување на мечот беше групата луѓе кои се борци за човекови права и како и за правата на мигрантите. Тие сака да упаднат на теренот и да привлечат внимание со маици на кои пишуваше „Ослободете ги веднаш сите“.
Со брза реакција на обезбедувањето, тие не успеаа да стигнат до теренот и беа отстранети од трибините.