ВИДЕО: Мајами ја продолжува серијата победи

Од:

Шампионот Мајами ја продолжи серијата победи, ноќеска совладувајќи го Шарлот стигна до 26.от триумф во низа. Предводник до новиот успех беше Леброн Џејмс кој постигна 32 поена. Мајами овој натпревар го одигра без Двејн Вејд, но тоа не беше пречка за вкупно 55.та сезонска победа во НБА лигата.

Пораз доживеа тимот на Сан Антонио на гостувањето кај Хјустон, со што полека ги намалува шансите за тим со најдобар биланс во сезоната.

Резултати од ноќешните НБА натпревари: Милвоки – Атланта 104:99, Мајами – Шарлот 109:77, Хјустон – Сан Антонио 96:95, Оклахома Сити – Портланд 103:83, Минесота – Чикаго 97:104, Далас – Јута 113:108, Феникс – Бруклин 100:102 и Сакраменто – Филаделфија 103:117.

Двојки за вечерва: Вашингтон – Мемфис, Орландо – Мајами, Индијана – Атланта, Њу Орлеанс – Денвер, Јута – Филаделфија и Голден Стејт – Лос Анџелес Лејкерс.

Пласман Источна конференција: Мајами 55-14 (победи-порази), Њујорк 42-26, Индијана 43-27, Бруклин 41-29, Атланта 39-31, Чикаго 38-31, Бостон 36-33, Милвоки 34-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 53-17, Оклахома Сити 52-19, Денвер 49-22, Лос Анџелес Клиперс 48-22, Мемфис 47-22, Голден Стејт 40-31, Хјустон 39-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-34,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа