ВИДЕО: Лукаку потпиша со Интер

Од:

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку го официјализираше трансферот од Манчестер Јунајтед во италијански Интер. „Нероазурите“ ќе ги платат британците 65 милиони евра веднаш, а други 13 милиони можат да влезат во благајната на „црвените ѓаволи“ како бонуси при добро претставување на играчот.

Лукаку објави видео на социјалните медиуми во дрес на Интер, снимено во населбата „Варезине“ во Милано, кое го сподели Интер на „Твитер“.

„Интер не е за секого – затоа сум тука“, рече поранешниот стрелец на Андерлехт, Челзи, Евертон и Јунајтед, со што официјално го објави трансферот.

Лукаку потпиша петгодишен договор со тимот од Милано, а новиот ментор на тимот Антонио Конте, го доби тоа што го бараше, бидејќи белгискиот репрезентативец беше трансфер цел – број еден, откако сега е најскапиот трансфер во историјата на тимот.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска