Македонските фудбалски репрезентативци и натаму еуфорично го прославуваат пласманот на Европското првенство. Весело е во репрезентативната база каде што е сместен националниот тим.
Забавата ја предводи капитенот Горан Пандев, но не заостануваат ниту Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски, но и сите останати репрезнетативци. Во одлично расположение е и селекторот Игор Ангеловски. Оркестарот на Џамбо Агушев и „Некст Тајм“ ги забавуваат фудбалерите.