ВИДЕО: Лос Анџелес Лејкерс се поблиску до плеј офот

Од:

 Екипата на Лос Анџелес Лејкерс постигна нова победа која ги носи на чекор до пласман во плеј офот од НБА лигата. „Езерџиите“ го победија Портланд и сега имаат две победи повеќе од единствениот конкурент за осмото место Јута.

Предводник до победата беше Коби Брајант, кој постигна 47 поени.

По поразот од Феникс на домашен терен,  Далас шампионот од 2011 година ги загуби шансите за пласман во разигрувањето.

Од Западната конференција Сан Антонио загуби од Денвер (Андре Игудала имаше „трипл дабл“ – 12 поени, 10 асистенции и 13 скокови) и му го препушти првото место на тимот на Оклахома Сити.

Шампионот Мајами ја оствари и рекордната 62.ра победа во регуларниот дел во една сезона и со тоа го обезбеди и бројот 1 местото во плеј офот и против сите ривали евентуалната мајсторка ќе ја игра на домашен терен.

Резултати од ноќешните натпревари: Филаделфија – Атланта 101:124, Вашингтон – Мајами 98:103, Орландо – Милвоки 113:103 (продолжение), Кливленд – Детроит 104:111, Бостон – Бруклин 93:101, Далас – Феникс 91:102, Сакраменто – Њу Орлеанс 121:110, Портланд – Лос Анџелес Лејкерс 106:113, Денвер – Сан Антонио 96:86 и Лос Анџелес Клиперс – Минесота 111:95.

Вечерва се играат само два натпревара: Чикаго – Њујорк и Голден Стејт – Оклахома Сити.

Пласман Источна конференција: Мајами 62-16 (победи – порази), Њујорк 51-26, Индијана 49-29, Бруклин 46-32, Чикаго 42-35, Атланта 43-36, Бостон 40-38, Милвоки 37-41,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 57-21, Сан Антонио 57-21, Денвер 54-24, ЛА Клиперс 52-26, Мемфис 53-25, Голден Стејт 45-33, Хјустон 44-34, ЛА Лејкерс 42-37, Јута 41-38,..

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски