ВИДЕО: Ливерпул со нова победа

Од:

Астон Вила и Ливерпул на последниот натпревар од програмата денеска одиграа 0:1 за “црвените“ со голот на Стариџ во првото полувреме, со ова Ливерпул ја забележа втората победа во новата сезона.

Евертон и Њукасл останаа без победи и по 2. коло на Премиер лигата. Двата тима ремизираа без голови на домашен терен против Вест Бромвич, односно Вест Хем.

Саутемптон успеа да се извлече од пораз на домашен терен против Сандерленд. Џакерини го отвори за гостите по само 180 секунди игра. 2 минути пред крајот на дуелот сепак Хозе Фонте успеа да му донесе барем поен на Саутемптон.

Стоук Сити успеа да го совлада повратникот во елитата Кристал Палас со 2:1. И покрај раниот гол за Маруан Шамак за гостите, Адам и Шоукрос со два брзи гола во 58. и 62. минута успеаја да направат целосен пресврт во второто полувреме и да им го донесат успехот на “грнчарите”.

Другиот тим, кој годинава дојде од Чемпионшип дивизијата – Хул Сити, се поздрави со првата победа во елитата. “Тигрите” го победија Норвич со 1:0, благодарение голот на Бредли од пенал во 22. мин. Хул успеа да ја задржи предноста, иако од 28. минута играше со човек помалку поради црвениот картон на Сагбо.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска