ВИДЕО: Ливерпул го совлада Свонси

Од:

Вицешампионот на Англија Ливерпул со победа од 4:1 над Свонси постигната синоќа ја заврши календарската година.

Ова беше последниот натпревар од 19. коло на Премиер лигата и со овој триумф „црвените“ се пробија на осмото место на табелата и се наоѓаат пред ривалот од синоќа.

Воедно ова беше прв натпревар сезонава Ливерпул да постигне четири голови.

Серијата голови ја почна Алберто Морено во 33.минута што беше и резултат од првиот дел. Адам Лалана во 51.минута донесе водство од 2:0, но веќе во следната Свонси намали преку Гуфи Сигурдсон. Во 61.минута Лалана зголеми на 3:1, а конечните 4:1 со автогол ги постави поранешниот играч на Ливерпул Џонџо Шелви во 69.минута.

Ливерпул со 28 бодови се проби на осмото место, додека Свонси со исто 28 е на деветтото место. Лидер на табелата е Челзи со 46 бодови, пред шампионот Манчестер Сити со 43, а Манчестер Јунајтед има 36.

Премиерлигашите следното коло (прво од вториот дел) го играат веќе задутре (четврток). 

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска