Во последниот натпревар од 25-то коло од италијанската Серија А, последнопласираната Сиена на домашен терен убедливо го совлада Лацио со 3:0 и ја продолжи низата на лоши резултати кај римјаните.
Големиот триумф на Сиена го донесе Емегара со двата погодоци во 7-та и 61-та минута, додека во листата на стрелци за домаќините се запиша и Росина во 23-та минута од натпреварот.
Сиена со оваа победа се искачи на 18-то место на првенствената табела со 21 бод, додека Лацио останува на третата позиција со 44 бода.