Шампионот на Италија, Јувентус продолжува со одличната игра, во 4. коло од Серија А ја забележа и четвртата победа.
Јувентус до победата против Киево не дојде толку лесно, славеа со 2:0 со два извонредни погодоци на Фабио Кваљарела, кој во средата погоди и против Челзи во Лигата на шампионите.
Голманот на гостите Сорентино имаше своја вечер, и при постигнувањето на погодоците на Кваљарела беше многу блиску да ги одбрани двата.
На првиот натпревар од 4. коло претходно Парма и Фиорентина одиграа 1:1, останатите натпревари се играат утре.