Вечерва на „Олимпико“ во Рим, Јувентус ја освои првата титула во новата сезона откако со високи 4:0 го совлада Лацио.
Со тоа составот на Антонио Конте испрати јасна порака до конкуренцијата дека е решен и трета година по ред да доминира во Серија А.
Резултатот во Рим го отвори Пол Погба во 23. минута, а од 52. до 57-та „бјанконерите“ во целост го разбија својот противник со погодоците на Џорџо Кјелини, Стефан Лихтштајнер и Карлос Тевез, кои ги искористија грешките на вечерва очајната одбрана на Лацио.