Актуелниот шампион на Италија Јувентус дојде до минимална победа од 1:0 на гостувањето на Сицилија во првата средба од денешната програма во Серија А.
Во пресрет на остатокот од средбите од деветото коло во Серија А, актуелниот шампион влегува со шест бодови разлика во однос на вториот Наполи.
Триумф на кој сигурно, и со право, имаат што да приговорат домашните, кои беа драстично оштетени од слабата арбитража. Најпрво главниот судија, на сугестија на помошникот го поништи голот на Катанија во 25. минута поради офсајд.
Да биде судискиот срам уште поголем, во 57. минута му беше признаен гол од офсајд на Артуро Видал, нешто што дополнително ги разбесни домашните играчи кои во 67. минута останаа и со играч помалку по исклучувањето на Маркезе.