Јамајканецот Јусеин Болт синоќа ја трчаше неговата последна трка во кариерата, финалето во штафетата 4 по 100 метри на Светското првенство во атлетика кое што се одржува во Лондон.
Болт истрча само петнаесетина чекори и таман пред спринтот на правиот дел застана жалејќи се на болка по што легна на патеката.
На штафетата победи тимот на Велика Британија, а Јамајка не успеа да регистрира време, бидејќи Болт не ја помина финиш линијата, а од патеката беше изнесен во количка.
Лекарите најавија дека Болт ќе прави тестови, но се претпоставува дека можно е да било само грч на мускулите.