ВИДЕО: Јединак ја однесе Австралија во Русија

Од:

Австралија го победи Хондурас со 3:1 на денешниот реванш натпревар од бараж пресметката и се пласира на пласман на Светското фудбалско првенство што ќе се игра идната година во Русија.

Јунак во триумфот на „кенгурите“ беше капитенот Миле Јединак кој ги постигна трите гола за домаќините. Јединак погоди во 53, 85 (пенал) и 89. минута (пенал), а Хондурас намали во судиското надополнување преку Алберто Елис што не беше доволно по нерешените 0:0 на првиот натпревар.

За Австралијците ова ќе биде петто учество на фудбалските Мундијали и четврто по ред.

Австралија е претпоследниот патник во Русија, последниот ќе биде познат по полноќ за кога е закажан дуелот Перу – Нов Зеланд (0:0 прв натпревар).

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он