Во седиштето на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во Цирих попладнево беше извршена ждрепката за плеј-офот Европска зона за Светското првенство во Русија 2018 година.
Двојките се:
Северна Ирска – Швајцарија
Хрватска – Грција
Данска – Република Ирска и
Шведска – Италија.
Првите натпревари ќе се играат во периодот меѓу 9 и 11 ноември, а реваншите се од 12 до 14 истиот месец.