Пари Сен Жермен оствари рутинска победа против Ремс на гости (0-2). Малкумина ќе се сеќаваа на овој меч ако не се случеше дебито на аргентинската ѕвезда Лионел Меси. Тој ги одигра првите минути во дресот на ПСЖ, откако влезе во 66.минута на местото на Бразилецот Нејмар.
Debuut Messi voor #PSG in Reims. #Champagne pic.twitter.com/0Plf0YO4SQ
— Fouad Sidali (@Fou3adSidali) August 29, 2021
Во тие моменти ПСЖ веќе водеше со 0-2. Стрелец на двата гола беше Килијан Мбапе кој можеби и ќе го напушти Париз до крајот на летниот преоден рок.
Мбапе го отвори резултатот во 16.минута со удар со глава, а во 63.минута уште еднаш го совлада домашниот голман Рајковиќ.