Екипата на Фиорентина под водство на нивниот тренер Винченцо Монтела продолжува да прикажува одлични партии во престојната сезона. Во вечерашното дерби од 25-то коло од италијанската Серија А, „виолетовите“ го прегазија Интер со 4:1.
Креатори на победата на Фиорентина беа извонредните напаѓачи Стеван Јоветиќ и Адем Љајиќ кои постигнаа по 2 погодоци на овој натпревар. Во финишот на мечот Антонио Касано само ја ублажи предноста на домаќинот во 87-та минута.