Екипата на Интер на последниот натпревар од 22.коло од Серија А синоќа одигра нерешено на домашен терен со Торино – 2:2. Со овој резултат „нероазурите“ заостануваат девет бодови зад лидерот Јувентус и шест зад второпласираниот Наполи.
Домаќините поведоа со голот на Кристијан Киву во 5.минута, но гостите со двата гола (23.минута и 52.минута) на Рикардо Меџиорини направија пресврт. Конечните 2:2 ги постави Естебан Камбијасо во 67.минута.
На другите натпревари од ова коло во Италијанското фудбалско првенство беа постигнати следниве резултати: Аталанта – Милан 0:1, Катанија – Фиорентина 2:1, Парма – Наполи 1:2, Сампдорија – Пескара 6:0, Удинезе – Сиена 1:0, Каљари – Палермо 1:1, Болоња – Рома 3:3, Јувентус – Џенова 1:1 и Лацио – Киево 0:1.
Табела: Јувентус 49 бодови, Наполи 46, Лацио 43, Интер 40, Милан 37, Фиорентина 36, Катанија 35,…