ВИДЕО: Инцидент, казна, драма и триумф на Хамилтон на Силверстоун

Од:

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), триумфираше денеска во трката за Големата награда на Велика Британија и покрај казната од 10 секунди поради инцидентот со Макс Верстапен (Ред Бул).

Трката почна со инцидент, откако Хамилтон веќе во првиот круг се судри со Верстапен во обид да го мине на патеката од надворешната страна возачот на Ред Бул, кој стартуваше од пол-позицијата.

Верстапен со голема брзина удри во заштитната ограда, по што беше пренесен во болница, а неговиот болид беше целосно уништен.

И покрај казната од 10 секунди, Хамилтон со фантастично возење ја презеде водечката позиција од Шарл Леклерк (Ферари) во 50. круг и мина прв низ целта на патеката во Силверстон за 99 победа во кариерата.

Третото место го освои Валтери Ботас (Мерцедес), додека возачите на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо, го освоија четвртото и петтото место.

Британецот Хамилтон сега има осум победи во кариерата во Силверстон, откако претходно на домашната патека триумфираше и во 2008, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019 и 2020 година.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ