ВИДЕО: Хјустон конечно славеше на гости, и тоа кај шампионот

Од:

Хјустон рокетс извојува победа против Торонто репторс во најинтересниот натпревар во НБА лигата, одигран рано утрово. Тексашаните прекинаа серија од три гостински порази по ред.

Канадскиот тим во одбраната се фокусураше на неутрализација на Џејмс Харден, постојано го удвојуваа, па затоа „брадата“ даде за него скромни 23 поени. Но, „ракетите“ покажаа дека имаат и други квалитетни играчи, па Расел Вестбрук направи трипл-дабл, Бен Мек Лемор уфрли 28 поени, а Пи Џеј Такер имаше 18 поени и 11 скока.

Резултати од натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта четврток кон петок: Вашингтон – Филаделфија 119:113, Њујорк – Денвер 92:129, Торонто – Хјустон 109:119, Њу Орлеанс – Феникс 132:139.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа