ВИДЕО: Хамилтон се извини за потсмевањето на внукот кој беше облечен како принцеза

Од:

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон се извини за постот на Инстаграм на кој му префрла на својот внук дека носи фустан.

Британецот го отстрани видеото кое го имаше споделено со 5,7 свои следбеници.

– Си игравме со мојот внук и сфатив дека моите зборови се неприфатливи. Не сакав да повредам било кого. Ми се допаѓа тоа што внукот ми слободно ги изразува чувствата. Најдлабоки извинувања за моето однесување. Секогаш сум го поддржувал тврдењето дека секој може да си го живее животот како што сака, и се надевам дека ќе ми биде простено за оваа грешка, напиша Хамилтон.

Во постираното видео, Хамилтон се обраќа со зборовите:

„Многу сум тажен … Видете го мојот внук”, Потоа тој ја насочува камерата кон малото момче облечено во фустан на принцеза и држи волшебно стапче. „Зошто носиш фустан на принцезата? Тоа ли доби за Божик?” Видеото завршува со викање: „Момчињата не носат фустани!”

Постапката на Хамилтон ги разбранува  духовите, особено кај ЛГБТ заедницата. Активистите го критикуваше и го повикаа да се засрами, и дека никој не заслужува вакво понижувачко постапување ниту од неговиот чичко, ниту од никој друг.

Други додадоа дека е фрустрирачки да видиш човек со такво влијание и популарност да се однесува толку навредливи кон мало дете.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ