Светскиот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ, со победа против младиот Британец Џек Дрејпер го почна походот кон својот шести трофеј на Вимблдон, и покрај тоа што го загуби првиот сет во мечот.
Дрејпер го доби првиот сет со 6:4, но тоа како да беше само загревање за најдобриот светски тенисер, кој во следните три сета му дозволи на противникот да добие само пет гема, стигнувајќи со тоа до својата 71-ва победа на престижниот турнир.
На Ѓоковиќ, кој во Лондон го брани трофејот кој го освои минатата сезона, му беа доволни два часа за триумфот во првото коло.