ВИДЕО: Ѓоковиќ го подари победничкиот рекет на девојче од публиката

Од:

Исто како што направи и на Ролан Гарос, кога му го даде победничкиот рекет на едно момче, Новак Ѓоковиќ го стори истото на Вимблдон.

По шестиот пехар во Лондон и 20-от слем во кариерата, Ѓоковиќ подели сè што можеше од реквизитите на публиката. Најсреќна беше една девојка која имаше транспарент во рацете за време на целиот натпревар.

„Број 1, извонреден, победоносен, амбициозен, може да се бакнува“, стоеше во пораката на англиски јазик.

Кога ќе се прочитаат првите букви од транспарентнот, се добива името НОВАК.

Ѓоковиќ беше воодушевен од овој гест и сметаше дека девојчето заслужува да го добие победничкиот рекет.

Ден кој ќе го памети цел живот, кога доби подарок рекет од најдобрата тенисерка на светот.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата