ВИДЕО: Фулам подобар од Стоук

Од:

Во првиот натпревар од 27 коло од англиската Премиер лига, Фулам пред своите гледачи го совлада Стоук до 1:0. Херој на натпреварот беше бугаринот Бербатов со голот во 45-та минута.

По една одлична акција по десната страна, напаѓачот на Фулам успеа одлично да зафати еден волеј удар и да го матира Беговиќ. Гостите имаа одлична шанса да се вратат во мечот, откако Дежагах играше со рака во својот казнен простор и беше досуден пенал за Стоук.

Валтерс ја презеде одговорноста да го изведе ударот, меѓутоа Шварцер го одбрани пеналот. До крајот на мечот фудбалерите на Стоук имаа неколку прилики за да го израмнат резултатот, но на крајот сепак Фулам беше екипата која се радуваше.

Ова е осма победа за Фулам во текот на сезоната, со која тимот на Мартин Јол се проби на 11-тата позиција.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска