Славниот тренер Жозе Мурињо, кој вечерва претрпе тежок пораз со неговиот тим Тотенхем на гостувањето во Загреб против Динамо, покажа вистинска класа откако, по натпреварот, дојде во соблекувалната на домашните фудбалери и им аплаудираше за големиот пресврт и триумф со кој го елиминираа англискиот клуб од годинешната Лига Европа.
Jose Mourinho walked into Dinamo Zagreb’s dressing room to congratulate them ?
(via @PeytonCity)pic.twitter.com/YyKzwm8uJr
— ESPN FC (@ESPNFC) March 18, 2021
Португалецот и на прес-конференцијата по мечот имаше само убави зборови за противничката екипа, фалејќи го тимскиот дух на Динамо и нарекувајќи ги домашните фудбалери „семејство“ кое повеќе заслужило да победи отколку неговите играчи.
Динамо стигна до големиот пресврт со трите гола на крилото Мислав Оршиќ, кои беа доволни за да се надмине предноста од 2:0 што Тотенхем ја имаше од првиот натпревар.