Фиорентина синоќа ја победи Катанија со 2:1 во последниот натпревар од првото коло во Серија А.
На „Артемио Франки” избраниците на Винченцо Монтела поведоа уште во 14. минута, откако Хуан Куадрадо, даде убав пас кон Џузепе Роси и италијанскиот напаѓач се запиша во листата на стрелците.
Осум минути подоцна Пабло Бариентос ја искористи грешката на Давид Пизаро и го израмни резултатот.
Шест минути подоцна домаќините повторно дојдоа во водство, овој пат преку Пизаро кој воедно ги постави конечните 2:1.