Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски постигна ефектен автогол во претпоследната минута од првото полувреме на натпреварот Стеауа – Челзи.
Самуел Ето изведе добра акција по левата страна, неговиот удар го одбрани голманот Татарушану, но на топката налета Георгиевски кој си ја заби во својата мрежа.
Стеауа овој натпревар го загуби со 4:0.