ПСЖ се пласираше во четвртфиналето од Купот на Франција совладувајќи го Марсеј со 2:0
„Светците“ пред своите навивачи беа подобри од Марсеј, откако пред три дена триумфираа над истиот ривал во првенството.
Во центарот на вниманието беше добро познатиот Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна двата гола за својата екипа. Првиот го постигна во 34-та минута, а вториот во продолжението во 64-та минута од натпреварот од пенал со кој стави точка на овој натпревар.
Интересно е да се напомене дека играчот на Марсеј, Џои Бартон се обиде да го испровоцира Ибрахимовиќ , но тоа само беше мотивација повеќе за популарниот „Ибракадабра“ да ја запечати судбината на гостите.