Фудбалерите на Лидс во последното коло се извлекоа од опасната зона и обезбедија пласман во Премиер лигата. Лидс го победи Брентфорд со 2-1 на гости и обезбеди спасувачки бодови, но додека повеќето играчи го славеа големиот момент, најголемата ѕвезда на клубот, Рафиња, целосно ги збуни своите, но и навивачите на Брентфорд.
Тојдодека славеа фудбалерите и навивачите на Лидс, го помина теренот на колена.
Raphinha walking the length of the pitch on his knees after Leeds United's win over Brentford ⚽ pic.twitter.com/UmXN1HDLtv
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 22, 2022
Многумина останаа збунети од неговиот чин, но дел од јавноста тврди дека тоа е негова благодарност до Бога што му дозволил на Лидс да избега од опасната зона во последното коло од Премиер лигата.
Со овој подвиг, Лидс стана првиот клуб од 2011 година кој се извлече од „црвената зона“ во последното коло и се издигна над линијата, а Рафиња го потврди статусот на миленик на навивачите.