ВИДЕО: Лидс го совлада Тотенхем, Алиоски асистент

Од:

Лидс триумфираше попладнево на домашен терен над Тотенхем со 3:1 во премиерниот натпревар од 35. коло во Премиер лигата.

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски го одигра целиот натпревар за Лидс и придонесе во триумфот со една асистенција.

Алиоски асистираше при вториот гол на Лидс што го постигна Бамфорд во 42 минута, откако домаќините претходно поведоа преку Далас (13), а Тотенхем израмни преку Сон (25).

Триумфот на Лидс го потврди Родриго на шест минути пред крајот на натпреварот.

Лидс сега е деветти на табелата со 50 бодови, шест помалку од Тотенхем, кој остана шестопласиран и ги сведе на теорија шансите да избори пласман во Лигата на шампиони.

Би можело да ве интересира

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Алиоски: Овде го остваривме сонот за ЕП, утре сакаме нова победа

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем

Ниту одбранетиот пенал не го сопре – Хери Кејн „сам“ ги победи Нотингем

„Светците“ само ги налутија Тотенхем, „обновениот“ Њукасл стартуваше со победа над Форест