ВИДЕО: Лидс и Алиоски го шокираа Манчестер Сити

Од:

Лидс го совлада лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити со 2:1 попладнево на гостински терен. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски одигра одличен меч кој го круниса со асистенција при постигнувањето на победничкиот гол на Стјуарт Далас во судиското надополнување.

Екипата на Марсело Биелса дојде во водство преку Стјуарт, а во финишот на првото полувреме остана без исклучениот Лиам Купер.

Феран Торес во 76. минута изедначи на 1:1 искористувајќи ја предноста од фудбалер повеќе. Сепак, Сити не успеа да направи целосен пресврт, напротив прими гол и го претрпи четвртиот сезонски пораз во англиското првенство.

И покрај поразот Манчестер сити е лидер на табелата со 74 бода од 32 натпревара, Лидс е деветти со 45 бодови од 31 натпревар.

Би можело да ве интересира

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли

Белгиецот ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Предраг Петровиќ