ВИДЕО: „Дијамантот“ Џеко го спаси Сити

Од:

Манчестер Сити на крилјата на Един Џеко кој влезе од клупата и со два гола му донесе победа од 2:1 на својот тим на гостувањето против ВБА.

Вест Бромвич Албион од 23. минута играше со фудбалер повеќе, откако црвен картон заработи противничкиот играч Џејмс Милнер. Во 67. минута домаќините поведоа преку Шејн Лонг, а во 78. минута во игра влезе Џеко, кој две минути подоцна изедначи.

Во судиското продолжение „босанскиот дијамант“ го постигна победничкиот погодок за Сити.

Манчестер Јунајтед стигна до нова победа, овој пат над Стоук од 4:2 со која се задржа на второто место на табелата во Премиер лигата.

Мечот не почна добро по Јунајтед, особено за Вејн Руни, кој во 11. минута си постигна автогол. Руни сепак се „извади“ со погодок на спротивната страна, по асистенција на Ван Перси, а Холанѓанецот погоди за пресврт.

На почетокот на второто полувреме Велбек зголеми на 3:1, Кајтли го намали резултатот, а точка на победата стави Руни во 65. минута.

Премиер лига, 8. коло:

Тотенхем – Челси 2:4 (0:1)
(Галас 47, Дефо 54 – Кејхил 17, Мата 66, 69, Стариџ 90+1)

Ливерпул – Рединг 1:0
(Стерлинг 29)

Манчестер Јунајтед – Стоук 4:2
(Руни 27, 65, Ван Перси 44, Велбек 46 – Руни 11авт, Кајтли 59)

Фулам – Астон Вила 1:0
Берд 84

Свонси – Виган 2:1
Хернандез 65, Мичу 67 – Бојс 69

ВБА – Манчестер Сити 1:2
Лонг 67 – Џеко 80, 92)

Вест Хем – Саутемптон 4:1
Нобл 46, 72п, Нолан 48, Маига 87 – Лалјана 63

18:30ч Норич – Арсенал

Недела:

14:30ч Сандерленд – Њукасл
17ч КПР – Евертон

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска