ВИДЕО: Дербито на Милано без победник

Од:

Големото италијанско дерби кое се одигра вечерва на “Џузепе Меаца“ завршi без победник 1:1.

Милан одигра фантастично прво полувреме во кое беа многу подобри од Интер.

Прв по голот на Интер се закани Де Шиљио во 7-та минута, но неговиот удар не беше прецизен. Потоа Интер се обиде да создаде некоја посериозна шанса, но сепак не успеа.

Во 21-та минута Милан преку Ел Шарави доаѓа до водство, а асистент на погодокот беше Боатенг.

И по постигнатиот гол Милан и понатаму играше одлично. Балотели во 27-та и 29-та минута имаше одлични шанси за погодок, но Хандановиќ имаше среќа .

Првото полувреме заврши со резултат од 1:0 .

Во продолжението прва голема шанса за Интер доаѓа во 54-та минута преку Гуарин, но Абијати беше внимателен и не дозволи израмнување.

Подобрената игра на Интер се исплати во 71-та минута, кога преку одличниот центаршут на Нагатомо, Скелото постигнува гол за 1:1.

По голот на Интер двете екипи изгледаа дека се задоволни со бод, но и покрај малата иницијатива на Милан, резултатот остана непроменет.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска