ВИДЕО: Денвер поуспешен од Оклахома Сити

Од:

Тимот на Денвер оствари значајна победа на домашен терен против Оклахома Сити со 105:103, благодарение на кошот на Тај Ловсон на две десетинки до крајот на натпреварот. Инаку, најефикасен на дуелот беше Вилсон Чендлер кај победникот со 35 поени.

Шампионот Мајами ја продолжи серијата победи (13) совладувајќи го тимот на Мемфис.

Победа постигна и Сан Антонио против Сакраменто, но на подолг рок го загубија Тони Паркер, кој кон средината на третиот период го повреди зглобот.

Резултати постигнати на ноќешните натпревари во НБА лигата: Торонто – Индијана 81:93, Вашингон – Њујорк 88:96, Орландо – Хјустон 110:118, Бостон – Голден Стејт 94:86, Кливленд – Лос Анџелес Клиперс 89:105, Мајами – Мемфис 98:91, Бруклин – Далас 90:98, Њу Орлеанс  – Детроит 100:95, Сан Антонио – Сакраменто 130:102, Јута – Шарлот 98:68, Феникс – Атланта 92:87 и Денвер – Оклахома Сити 105:103.

Двојки за вечерва: Филаделфија – Голден Стејт, Чикаго – Бруклин, Милвоки – Торонто и Портланд – Минесота.

Пласман Источна конференција: Мајами 42-14 (победи-порази), Њујорк 35-20, Индијана 37-22, Атланта 33-24, Бруклин 34-25, Чикаго 33-25,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 46-14, Оклахома Сити 42-16, Лос Анџелес Клиперс 43-18, Мемфис 38-19, Денвер 38-22, Голден Стејт 33-25,…

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски