ВИДЕО: Денвер и Јокиќ останаа во игра, Бостон „го реши“ Торонто во мајсторката

Од:

Бостон Селтикс оди во финалето во Источната конференција во НБА, откако во одлучувачкиот, седми натпревар од серијата, го победи Торонто со 92:87. Во очекувано тврдата средба со фокус на одбраната, тимот од Канада немаше решение за Џејсон Тејтум, кој одигра одлична средба со 29 поени, 12 скокови и седум асистенции, па и покрај релативно слабиот процент на реализација, беше најзаслужен за победата поради прецизноста во моментите во кои тоа му беше најпотребно на тимот.

Тејтум доби помош од Џејлен Браун, кој постигна 21 поен, а Маркус Смарт додаде 16 коша, помагајќи му на Бостон да триумфира и покрај слабиот шут за три поени (9-38).

Во поразената екипа, Фред ван Флит имаше 20 поени, а потфрли Кајл Лаури, кој за 41 минута игра имаше 16 коша со шут 5-15. Бостон во финалето на Истокот ќе се сретне со Мајами Хит, а првиот натпревар ќе се игра во вторник.

Во вториот ноќешен натпревар, тимот на Денвер Нагетс со тимска игра и одлични изданија на своите двајца најдобри играчи, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, успеа да ја стигне предноста на Клиперси од 16 коша и да остане во игра во конференциското полуфинале на Западот. Нагетс славеа со 111:105, најмногу благодарение на убоитоста на српскиот центар во нападот во последната четвртина.

На Џамал Мареј, кој во серијата против ЛА Клиперс досега беше индиспониран, конечно му проработе шутот, а средбата ја заврши како најпрецизен во својот тим со 26 поени.

Јокиќ, кој имаше 22 поени, 14 скока, пет асистенции и две блокади, одигра речиси беспрекорна четврта четвртина и во нападот и во одбраната, користејќи ја предноста што ја има над центрите на Клиперси. На крајот, ова се покажа како клучно за тримфот на Денвер над фаворитот, и покрај одличното издание на Кавај Ленард (36 скока, 9 асистенции, 4 скока, 3 украдени топки). Пол Џорџ додаде 26 поени за поразениот тим.

Клиперси водат со 3:2 во серијата, а шестиот натпревар е закажан за утревечер во 19:00 часот по наше време.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа