ВИДЕО: Челзи со 9 фудбалери не издржа против Манчестер

Од:

Дербито од Англиската премиер лига помеѓу Челзи и Манечстер Јунајтед ги оправда очекувањата и имаше одличен фудбал се до моментот кога главниот судија Марк Клатенбург кој исклучи двајца играчи на домаќините при резултат 2:2. Тоа го искористија гостите за победа од 3:2.

Мечот започна одлично за Манчестер кој предводен од разиграниот Ван Перси набрзина поведе со 2:0. Луиз постигна автогол уште во 4. минута, а Холанѓанецот постигна гол во 12. минута за високо водство.

Со извонредно изведен слободен удар во финишот од првиот дел Хуан Мата намали на 1:2 и најави возбудливо второ полувреме. Така и започна вториот со погодок на Рамирез во 52. минута за израмнување на 2:2.

Следуваше потоа оправдан црвен картон за српскиот интернационалец Ивановиќ, но и неоправдано покажан втор жолт картон за Фернандо Торес поради наводно симулирање.

Со оваа одлука на Клатенбург Челзи остана со 2 играчи помалку на терен а тоа го искористија гостите да нападнат агресивно и да постигнат погодок од сомнителна офсајд ситуација преку Ернандез за водство од 3:2.

Ова е прва победа за Алекс Фергусон на теренот на Челзи по цели 10 години и нови три бода со кои Манчестер Јунајтед се приближи само на бод до европскиот шампион.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска