ВИДЕО: Челзи конечно победи

Од:

Новиот менаџер на Челси денеска на гостувањето кај Сандерленд ја оствари својата премиерна победа со својот нов тим во Премиер лигата, каде „сините“ славеа благодарение на расположениот за игра Фернандо Торес. Пенал победа на Арсенал.

Фернандо Торес му ја донесе првата премиерлигашка победа на Рафа Бенитез на клупата на Челси, откако Шпанецот одигра главна улога во денешниот триумф од 3:1 кај Сандерленд.

Со својот погодок во 11. минута Торес конечно го прекина својот пост кога се во прашање головите во Премиер лигата, каде тој се немаше радувано цели 12 часа и 30 минути. По тој свој гол напаѓачот биеше прецизно од белата точка во 45. минута за 2:0 за гостите од Лондон.

Сонародникот на Торес, Хуан Мата по само четири минути игра во второто полувреме зголеми и на 3:0 за Челси, по што Адам Џонсон само го ублажи поразот на својот тим со погодокот во 66. минута.

Со оваа победа „сините“ колку-толку им се доближија на лидерите од Манчестер, Јунајтед и Сити, кои утре играат меѓусебно во градското дерби.

Резултати:

сабота:

Арсенал – Вест Бромвич Албион 2:0 (1:0)
/Артета 26’п, 64’п/

Астон Вила – Стоук 0:0

Саутемптон – Рединг 1:0 (0:0)
/Панчон 61’/

Сандерленд – Челси 1:3 (0:2)
/Џонсон 66′ – Торес 11′, 45’п, Мата 49’/

Свонси – Норич 3:4 (0:3)
/Мичу 51′, 90′, Гузман 59′ – Витекер 16′, Басонг 40′, Холт 44′, Снодграс 77’/

Виган – Квинс Парк Ренџерс 2:2 (1:1)
/Мекарти 18′, 74′ – Нелсен 25′, Сисе 71’/

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска