ВИДЕО: Бразил ја победи Италија во прекрасен натпревар

Од:

Репрезентацијата на Бразил ја совлада репрезентацијата на Италија и со тоа, ќе патува во полуфиналето како првопласирана репрезентација од групата.

Иницијативата на Бразилците вроди со плод пред крајот на првиот дел, кога резервистот Данте по една мешаница во шеснаесетникот успеја од сомнителна офсајд-ситуација да ја смести топката во мрежата на Буфон за водство на Бразил 1-0.

Во вториот дел, Италија се разбуди, изедначи на 1-1 преку Џакерини во 51. минута но Бразил не чекаше долго и само четири минути подоцна, преку Нејмар кој постигна одличен гол од слободен удар, го врати водството во свои раце.

Бразил казни преку Фред, кој во 66. минута донесе водство од 3-1. Италија намали на 3-2 преку Кјелини а веднаш потоа, Маџо ја погоди пречката и за среќа на Цезар, резултатот остана непроменет на семафорот.

Во последните 20 минути од натпреварот, Италија комплетно се отвори откако на местото на Дијаманти во игра влезе Ел Шарави, напаѓаше се до самиот крај а преку една брза контра, во 89. минута Фред со својот втор гол, ги постави конечните 4-2.

Со оваа победа, Бразил како првопласирана репрезентација во полуфиналето најверојатно силите ќе ги одмери со Уругвај, додека второпласираната Италија ќе бара одмазда против Шпанија за болниот пораз во финалето на ЕП2012.

Би можело да ве интересира

Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Ана Ололовска

Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска