ВИДЕО: Бостон поуспешен од Атланта со кош постигнат со звукот на сирената

Од:

Екипата на Атланта го доживеа 11. пораз сезонава во НБА лигата, откако ноќеска загуби во Бостон во драматична завршница со кош примен во последните моменти од натпрвераот.

Победничките поени за домашниот тим ги постигна Еван Тарнер кој со звукот на сираната ги погоди победоносните два поени на мечот.

Џејрид Салингер со 17 поени беше играч број 1 кај домаќините додека кај Атланта најефикасен беше Ал Хорфорд со 22 поени.

Постигнати резултати на НБА натпреварите одиграни ноќеска: Орландо – Њујорк 89:83, Бостон – Атланта 89:88, Детроит – Сан Антонио 87:104, Торонто – Вашингтон 95:93, Милвоки – Сакраменто 111:103, Минесота – Голден Стејт 91:94, Њу Орлеанс – Индијана 93:106, Оклахома – Мемфис 105:89, Кливленд – Мајами 113:93, Далас – Јута 87:82, Портланд – ЛА Лејкерс 102:86 и ЛА Клиперс – Хјустон 110:95.

Пласман Источна конференција: Атланта 43-11 (победи-порази), Торонто 36-17, Чикаго 33-20, Кливленд 33-21, Вашингтон 33-21, Милвоки 30-23, Шарлот 22-30, Мајами 22-30,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 42-9, Мемфис 39-14, Портланд 36-17, Хјустон 36-17, Далас 36-19, ЛА Клиперс 35-19, Сан Антонио 34-19, Феникс 29-25,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа