На првиот натпревар од 19. коло од Бундеслигата, Борусија Дортмунд со 3:0 го порази Нирнберг.
Двоен стрелец за Борусија беше полскиот репрезентативец Јакуб Блажиковски кој првиот гол го постигна во 18. минута, а само три минути подоцна Марио Геце му асистираше на Блажиковски за 2:0, за конечниот резултат да го постави неговиот сонародник Роберт Левандовски на две минути пред крај.