Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, ја започна новата атлетска сезона со победа на трката на 150 метри, која се одржа на плажата Копакабана.
Болт победи со време од 14,42 секунди, со кое не успеа да го поправи својот рекорд од 2009-тата година, кој изнесува 14,35 секунди.
Втор беше Бразилецот Бруно Линс, трет Даниел Бејли од Антигва и Барбуда, а четврт Алекс Кинонес од Еквадор.
Натпреварувањето се одржа на патека од четири стази, направена за оваа трка, која пак беше дел од промоцијата на Олимписките игри кои ќе се одржат во Рио во 2016 година.
„Ова дефинитивно е добар почеток на сезоната. Едвај чекам да се вратам тука за време на Олимписките игри во 2016 година“, рече Болт.
Шесткратниот олимписки шампион е сопственик на светскиот рекорд на 100метри – 9,58с., на 200метри – 19,19с и во штафета 4×100метри – 36,84 секунди.