Бранислав Ивановиќ со гол во втората минута од судиското надополнување му донесе нов европски тројеф на Челзи, кој вечерва во Амстердам со 2:1 ја победија Бенфика во финалето на Лига Европа.
По трофејот во Лигата на шампионите минатиот мај, Челси успеа да стигне до нов европски трофеј со што испиша нова историски потфат, како прв клуб кој успеал во две сезони да ги освои ЛШ и Лига Европа.
Бенфика го загуби и осмото финале во европските купови по ред, а вторпат за четири дена шокантно остануваат без трофеј во сезоната, откако Порто на ист начин во втората минута од судиското надополнување практично им ја зема круната во националното првенство.
Челзи водеше со 1:0 со голот на Торес, но многу брзо изедначи Кардозо со гол од пенал, за Бранислав Ивановиќ да ги постигне конечните 2:1.
Но играчите на Бенфика и во последните секунди имаа убава шанса но Кардозо не успеа да ја погоди топката.