ВИДЕО: Балотели донесе три бодови за Ливерпул

Од:

Екипата на Ливерпул со победата од 3:2 над Тотенхем со доближи до водечките екипи. Синоќа на дербито на „Енфилд“ од 25.коло Ливерпул трипати водеше, а победничкиот гол го постигна Марио Балотели во 83.минута што е негов прв гол сезонава во Премиер лигата.

Ливерпул пред победничкиот гол водеше со головите на Лазар Марковиќ (15.минута) и на Стивен Џерард (53-пенал), додека Тотенхем изедначи двапати со головите на Хари Кејн (26) и Муса Дембеле (61).

На другите натпревари одиграни синоќа: Арсенал – Лестер 2:1, Хал – Астон Вила 2:0 и Сандерленд – КПР 0:2.

Вечерва играат: Челзи – Евертон, Манчестер Јунајтед – Барнли, Саутемптон – Вест Хем, Стоук – Манчестер Сити, Кристал Палас – Њукасл и ВБА – Свонси.

Табела:  Челзи 56 бодови, Манчестер Сити 49, Саутемптон 45, Арсенал 45, Манчестер Јунајтед 44, Тотенхем 43, Ливерпул 42,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска