Најсериозните кандидати за освојување на титулата во Германија немаа проблеми во третото коло, во кое и „Милионерите“ и „Баварците“ остварија лесни и убедливи победи.
Дуелот на Борусија и Баер Леверкузен требаше да биде дерби на колото во Бундеслигата, но на крајот заврши со полесна од очекуваното побеа на шампионот.
Составот на Јирген Клоп со 3:0 ги преслуша „фармацевтите“, а стрелци на погодоците за домаќинот во неговата втора победа сезонава беа Матс Хумелс во 28-та, Јакуб Блажчиковски 11 минути подоцна и Роберт Левандовски, кој во 78. минута стави точка на триумфот.
Својата пак трета победа во третиот настап сезонава ја забележа најголемиот конкурент за тронот на Борусија, Баерн, кој немаше тешка задача на домашен терен против Мајнц. Тимот на Николче Новески не можеше да се одбрани од нападите на Баварците, кои поведоа со 2:0 преку Марио Манџукиќ и Бастијан Швајнштајгер.