Одличната сезона за Баерн во Бундеслигата продолжи и во 13. коло, во кое составот на Јуп Хајнкес со 5:0 го декласираше Хановер.
Гостите се покажаа како недораснат противник за расположените Баварци, кои веќе по првото полувреме имаа предност од 3:0.
Стрелци на првите три погодока за домаќинот беа Хави Мартинез, со својот прв гол за својот нов тим, Тони Крос и Франк Рибери. До крајот на средбата победата на Баерн само ја потврдија Данте и Марио Гомез.
„Милионерите“ со 2:1 славеа кај Мајнц на Николче Новески, и тоа откако по четири минути игра се најдоа во минус од 1:0 по голот на Калиџури. Сепак, Ројс по само седум минути изедначи на 1:1, а Левандовски во 43. минута ги постави конечните 2:1.
Резултати:
Баерн Минхен – Хановер 5:0 (3:0)
/Мартинез 3, Крос 25, Рибери 37, Данте 63, Гомез 67/
Шалке – Ајнтрахт Франкфурт 1:1 (1:1)
/Хунтелар 11 – Ајгнер 13/
Мајнц – Борусија Дортмунд 1:2 (1:2)
/Калиџури 4 – Ројс 11, Левандовски 43/
Гројтер Фирт – Нирнберг 0:0
Волфсбург – Вердер Бремен 1:1 (0:1)
/Дост 64 – Арнаутовиќ 35/