Тимот на Баерн Минхен славеше со сигурни 2:0 на гостувањето во Фрајбург.
Со оваа победа Баерн Минхен ја освои „есенската титула“ и зимската пауза за неполн месец ќе ја дочека како лидер во најсилната германска лига.
Дванаесетата победа за Баварците ја обезбедија Томас Милер во првото полувреме од пенал и Анатолиј Тимошчук со гол со глава 11 минути пред крајот, по што Баерн максимално го искористи новиот кикс на Борусија Дортмунд од вчера и стигна до предност од десет бодови на табелата.
Уште поубедлива победа од 4:1 но на гостувањето во Бремен забележа моменатлно третопласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен.
Резултати:
Штутгарт – Аугсбург 2:1
Вердер – Леверкузен 1:4
Фрајбург – Баерн (М) 0:2
Борусија М. – Волфсбург 2:0.
Табела: Баерн М. 37 Леверкузен 27, Борусија Д. 26…