Екипата на Баерн Минхен е новиот шампион на Германија, откако попладнево на гостувањето во Франкфурт го победи Ајнтрахт со 1:0.
Победоносниот гол за Баерн го постигна Бастијан Швајнштајгер во 52.минута.
Освоените три бода за Баварците значат недостижни 20 бодови разлика на шест кола до крајот на првенството, пред второпласираната Борусија Дортмунд која не го одбрани трофејот од ланската сезона.
Постигнати резултати на досега завршените натпревари од 28.коло во Бундес лигата: Вердер – Шалке 0:2, Борусија Дортмунд – Аугсбург 4:2, Ајнтрахт – Баерн Минхен 0:1, Баер Леверкузен – Волфсбург 1:1, Борусија Менхенгладбах – Гројтер Фурт 1:0.