Арсенал и Фулам го одиграа најинтересниот натпревар од попладневната програма во англиската Премиер лига, кој заврши 3:3, а Микел Артета не успеа да реализира пенал во судиското продолжение за да донесе триумф на „топџиите“.
Арсенал поведе со 2:0, со головите на Жиру и на Подолски, но потоа Бербатов и Качаниклиќ му донесоа израмнување на Фулам.
Бербатов со својот втор гол, овојпат од пенал, ги шокира домашните навивачи, но Жиру возврати за 3:3.
На крајот, Артета застана на 11 метри, но голманот на Фулам успеа да го одбрани неговиот удар и спаси бод за гостите.