Менаџерот на тимот на Баерн Минхен Карло Анчелоти по вчерашниот дуел во Берлин против тимот на Херта им покажа среден прст на фановите на домашниот тим.
Херта и Баерн Минхен одиграа 1-1 на Олимпискиот стадион во Берлин, а интересен момент следеше по натпреварот, кога при влегување во соблекувалните Анчелоти покажа среден прст на навивачите на Херта.
Тој призна дека го направил тоа и најави дека не планира да се извинува.
„Не ми е жал и нема да се извинам. Тој ме плукна мене“ изјави тренерот на Баерн.